Нашата мисија,

Со овој проект сакаме да ја подигнеме јавната свест со цел да ги доближиме проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата со ретки болести, до јавноста и институциите.

Месецот со најмалку дена во годината е месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“. Неговите 28 или 29 дена сепак се премалку за да стигне гласот за ретките до сите.

Токму затоа, главната задача на овој проект е сите заедно да се обидеме поблиску да се запознаеме со ретките болести.

Преку соодветни текстови, видео и аудио записи секоја година се запознава јавноста со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата земја, но и целиот свет.

Проектот е од информативно едукативен карактер на кој работат видни и афирмирани професори и доктори од целата држава.

Вклучете се!