Зградата на Општина Охрид светна во боите на ретките болести

Со вечерашното осветлување на општинската зграда во боите на ретките болести, Општина Охрид се вклучува во националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“.

Во боите на „ретките“ вечерва светнаа и општинските згради во Струга и Дебрца и Самоиловата тврдина која што ќе биде освтлена цел месец.

– Со тоа се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели боите на ретките болести, потенцираат од Општина Охрид.

Во обид за глобална солидарност, на Светскиот ден на ретките болести, 28-ми февруари во 19:00 часот по локално време секој човек може да го декорира својот дом со боите на ретките болести.