Продолжуваат подвизите на младиот охридски херој – пливачот Марко Пејчиноски.
– На празникот Голема Богородица, 28-ми aвгуст, Марко пред нова благородна цел. Повторно ќе плива за Децата со ретки болести. По тој повод ќе се изработуваат маици со мотото на Марко „Never Give Up“. Потсетување ЗА СИТЕ. Децата се најважниот дел од нашето секојдневие и не смееме да ги заборавиме, порачаа од тимот на Марко.
На 1-ви август годинава, 15-годишниот Марко направи уште еден подвиг, откако по 3 пат ја исплива делницата Охрид-Св. Наум-Охрид и подвiгот и’ го посвети на неговата мајка.
Марко пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.
Заедно со Ергин Берова, Марко беше примен и од претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.
– Секоја чест за 15-годишниот Марко Пејчиновски и за Ергин Борова. Марко по втор пат го преплива Охридското Eзеро. Предизвикот го посвети на својата мајка, која се бори со рак. Ергин Борова исплива 13,5 километри од Охрид до својот роден град, Струга за да ја подигне свеста за децата со попреченост и да ја промовира иницијативата за изградба на Центар за згрижување и развој на овие дечиња. Двајцата во себе носат хуманост и солидарност. Двајцата, даваат поддршка на послабите од нас, објави претсеадтелот на неговиот профил на Facebook.