Првата дама на Република Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на македонскиот претседател Стево Пендаровски е дел од тимот на проектот „Ги запознаваме ретките болести“.

Професор д-р Елизабета Ѓоргиевска е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија. Дел од ретките синдроми се пропратени со аномалии во стоматогнатниот систем. Горди сме што ја имаме поддршката од првата дама Проф. д-р Ѓоргиевска која е наш нов стручен соработник на новата, четврта сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2022“.

Во меѓувреме активно се работи на новите 28 дијагнози. Секоја година се запознава јавноста со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку ретките дијагнози сите заедно ќе успееме да го кренеме гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства.