Самуиловата тврдина светна во боите на надежта: охрид испраќа силна порака за ретките болести

Кога сонцето зајде зад Охридското Езеро, Самуиловата тврдина и оваа година, по шести пат во февруари, историскиот симбол на градотво зелена, сина, розова и виолетова боја.

Овие светла не се обична декорација. Тие се симбол на поддршка, солидарност и надеж за сите наши сограѓани – деца и возрасни – кои секојдневно, далеку од очите на јавноста, водат тешка и храбра борба со ретки болести.

Со ова осветлување, Охрид повторно испраќа јасна порака: ретките дијагнози не смеат да бидат невидливи, а оние што живеат со нив – не се сами.